Oдржан тренинг за вработените од корпоративниот оддел на НЛБ Тутунска Банка

Cкопje, 5ти Март 2015. - На 5ти Март, во просториите на НЛБ Тутунска Банка, беше одржан тренинг за вработените од корпоративниот оддел на НЛБ Тутунска Банка. Темата беше подобрување на искористеноста на WeBSEFF кредитната линија, со акцент на делот на кредитирање на компании од јавен сектор. Дваесет вработени зедоа активно учество на тренингот.

Два под заеми беа потписани

Cкопje, 27ми фебруари 2015. - Во текот на фебруари, два под заеми во вкупен износ од 2.410.827 EUR беа потписани за комапанија која инвестираше во обновливи извори на енергија, две мали хидро централи со вкупен инсталиран капацитет од 1, 7662 kW. Двата проекти се финансирани преку Охридска Банка АД Скопје.

Презентација на WeBSEFF на семинарот "Со подобрен енергетски менаџмент кон подобра конкурентност"

Скопје, Јануари 29, 2015 – На 29 јануари, 2015 година, Центар за климатски промени - Скопје, го одржа завршниот семинар со наслов "Со подобрен енергетски менаџмент кон подобра конкурентност", организиран во рамките на проектот "Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија", финансиран од страна на Норвешката Амбасада во Белград.

Целта на семинарот е да ги презентира достигнувањата на проектот преку презентирање на реализираните активности, промоција на компаниите кои беа вклучени во проектот, преземените активности за подобрување на енергетскиот менаџмент во компаниите и препораки и сугестии предложени за компаниите во корист на нивната успешна имплементација на мерките за заштеда на енергија.

Во текот на семинарот учесниците имаа можност да добијат информации за можностите за финансирање на мерките за енергетска ефикасност во индустријата, како и да слушнат за успешни приказни на веќе финансирани проекти за енергетска ефикасност. Претставниците од Македонска банка за поддршка на развојот, Европска банка за обнова и развој и WeBSEFF II проектот на Европската Банка за Обнова и Развој, обезбедија детални информации за условите и постапките за добивање финансиски средства за таков проект.

 

 

 

 

WeBSEFF II програмата презентирана на Макинова

Скопје , 17 Октомври 2014 - WeBSEFF II програмата презентирана на Макинова

WeBSEFF II програмата беше презентирана на Макинова, дел од Саемот за Технома . Презентацијата се одрза во Скопје на 17 Октомври 2014. Макинова е дел од саемот за техника Технома, кој го опфаќа делот за иновации, вклуцително и иновации во областа на енергетска ефикасност. Оваа година беше 35 годишнина на Макинова.

macedu

Карта на проектот

map