WeBSEFF ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Чекор 1. Апликација на проектот и проверка на подобноста

Ако сакате да разговарате за потенцијален Под-проект, со цел да се утврди дали ги исполнува WeBSEFF II критериумите за подобност, можете да се јавите во Проектната канцеларија на WeBSEFF II или да поднесете Формулар за апликација. Формуларот за аплицирање, заедно со листа на сите потребни проектни документи со кои ќе се утврди подобноста, може да се симнат од овде.
1. Ве молиме испратите ги пополнетиот формулар и придружната документација, заедно со електронски копии од сите документи по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и/или испратете ја до вашиот менаџер од локалната партнер банка.
2. Ако имате било какви прашања во врска со процесот или критериумите, ве молиме обратете се директно до Проектната канцеларија во вашата земја.

Чекор 2. Проценка на проектот и поддршка

Врз основа на обезбедените информации, WeBSEFF експерти ќе ја оценат соодветноста за финансирање во рамките на WeBSEFF.
Онаму каде што ќе бидат потребни WeBSEFF инженери, може да обезбедат препораки за подобрување на можноста за инвестиција или да се обезбеди дополнителна поддршка на клиенти за да се обезбеди подобност на проектот.

Чекор 3. Потпишување и имплементација на кредитот

Ако проектот е прифатлив, банката ќе продолжи со вообичаените кредитни процедури и ќе преговара за условите за заем со Заемопримачот. Заемопримачот е одговорен за спроведување на проектот.

Чекор 4. Верификација и надомест

По завршувањето, грантот може да се побара и проектната документација се доставува до консултант за посебна верификација, кој го верифицира и го потврдува успешното спроведување. Релевантниот надомест му се исплаќа на Заемопримачот од страна на банката учесник.

ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Карта на проектот

map

Развиен од

Финансиран од

Имплементиран од

logo-ebrd logo-EU logo-e3
Bosnia and
Herzegovina:
Croatia: FYR
Macedonia:
Serbia:

logo-rba

logo-zaba

logo-ohridskabanka

logo-bancaintesa

logo-unicreditBIH

logo-erstebank

nlbtutunska

komercijalna-banka-logo

 

pbz